Перу го „здроби“ Чиле за прво финале на Копа Америка по 45 години

Фудбалерите на Чиле доживеаја крајно неочекуван убедлив пораз од Перу. во полуфиналето на Копа Америка. Иако Чилеанците пред мечот важеа за големи фаворити на крајот загубија со 0-3, што значеше прво финале за Перу на Копа Америка по 1975 година кога последен пат се најдоа на завршниот натпревар од континенталното натпреварување.

Перу до водство дојде со голот на Флорес во 21. минута. На 2-0 зголеми Јотун во 38. минута, за да конечните 3-0 ги постави Гуереро во 91. минута.

 

Во финалето Перуанците ќе се сретнат со Бразил во обид за уште едно големо изненадување на турнирот.

Се вчитува...