Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Ненад Перуниќ пред вечерашниот натпревар со Хрватска вели дека сака да имаат навивачи како Хрватите, бидејќи српските навивачи не ги интересира веќе ракомет.
„Жал ми е бидејќи многу малку навивачи беа зад нас. Кога ќе видам со колку страст хрватските навивачи одат со својата репрезентација и ја поддржуваат на секое големо натпреварување, би сакал да е така и со Србија“, изјави Перуничиќ.
Хрватска и Србија ќе се сретнат вечерва во Грац со почеток во 20:30 часот, натпревар кој ќе нема резултатско значење, бидејќи Хрватите се веќе во втората фаза, додека Србите по овој меч ќе го завршат настапот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА