Пешевски: Да покажеме дека настапот на СП беше само една лоша епизода

Ракометната репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Данска во натпревар од 3. коло во евроквалификациите. Репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски вели дека на почетокот му било малку чудно тоа што Лазаров му е селектор, а не соиграч, но вели дека одлично функционираат.

„Нема потреба да должам многу и да објаснувам која е Данска. Треба да се насочиме на самите себе и да покажеме дека настапот на Светското првенство беше само лошо издание. Стартот со Лазаров како селектор искрено беше малку чуден. Сфаќаш дека сега селектор ти е соиграч со кој минатите години си делел и добро и лошо. Функционираме многу добро и се надевам дека таа конекција ќе биде уште подобра и дека ќе донесе многу успеси во иднина“, изјави Пешевски. 

Натпреварот меѓу Македонија и Данска ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Се вчитува...