Штутгарт приреди големо изненадување во Бундес-лигата успевајќи да остане непоразен во пресметката со Фленсбург, ремизирајќи 23-23 против актуелниот шампион на Германија.
Тимот на нашиот репрезентативец Жарко Пешевски цел натпревар одлично му парираше на големиот фаворит, а во завршницата покажа карактер, не прими гол во последните три минути, па со погокот на Адам Лон на пет секунди до крајот стигна до големо реми.
Пешевски го заврши натпреварот со еден гол од исто толку обиди, а најефикасен беше домашниот ракометар Патрик Циклер со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА