Жарко Пешевски и Штутгарт го надминаа слабиот старт на сезоната, па со денешниот триумф над Мелсунген од 31-28 оваа екипа врза три победи во низа, бегајќи од дното на табелата. Охрабрени по триумфот на гостински терен над Вецлар во минатото коло, Пешевски и соиграчите одиграа одличен дуел, користејќи ја предноста на домашниот терен за победа над силниот состав на Мелсунген. Репрезентативниот пивот постигна еден гол на овој натпревар.
Филип Талески со Балинген претрпе очекуван пораз на гостувањето против Фленсбург (32-25). Македонскиот лев бек упати пет удари кон противничкиот гол, двапати наоѓајќи го патот до мрежата.
Мартин Томовски со Лудвигсхафен претрпе пораз пред своите гледачи од Хановер од 24-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА