Турските медиуми денеска објавија информација дека Жарко Пешевски е нов ракометар на Бешикташ, но пикерот на Металург демантира дека потпишал било каков договор со турскиот тим. Интерес постои но, не и договор, нагласува Пешевски.
„Наспроти пишувањата на турските медиуми, јас немам донесено никаква конкретна одлука за продолжување на мојата кариера. Демантирам секаква информација во врска со Бешикташ. Има заинтересираност и понуда од нивна страна, но сега засега нема ништо повеќе од тоа. Имам договор со Металург до крајот на оваа сезона и ќе го одработам професионално до крај“ – вели Жарко Пешевски.
До крајот на сезоната на Металург му остануваат уште дуелот со Еурофам Работник по кој ќе биде познат конечниот пласман и одговорот на повеќе отворени прашања околу Металург за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА