Жарко Пешевски одигра извонреден натпревар во дресот на Штутгарт против Лемго, но одличното издание на македонскиот пивот не беше крунисано и со триумф на неговиот тим откако Лемго со гол во последната секунда стигна до реми од 26-26.
Штутгарт го контролираше резултатот во голем дел од мечот, во последните две минути влезе со предност од два гола, но гостите успеаја да стигнат до еден бод со погодокот што го постигна Сутон.
Пешевски го одигра својот најдобар меч во дресот на Штутгарт, постигнувајќи седум погодоци од вкупно осум шутеви, одлична увертира пред претстојниот репрезентативен собир и почетокот на квалификациите за ЕП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА