Жарко Пешевски со Штутгарт славеше на денешното мак-дерби во Бундес-лигата во кое репрезентативниот пивот за ривал го имаше Филип Кузмановски со Хановер (31-26). Пешевски и соиграчите целата работа ја завршија во првото полувреме што го добија со 15-9, по што во вториот дел рутински ја одржуваа предноста за конечни „плус пет“ на оваа средба.
Репрезентативниот пивот го заврши натпреварот со еден постигнат гол од вкупно два обиди. На спротивната страна, Кузмановски не се запиша меѓу стрелците, но имаше две асистенции до соиграчите на денешниот натпревар.
Мартин Томовски со Лудвигсхафен претрпе нов пораз, овојпат на домашен терен од Ерланген со резултат 26-30. Репрезентативниот голман не беше стартер, а за петнаесетмина минути на теренот имаше три успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА