ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Жарко Пешевски е уште еден од ракометарите кои добиваат шанса од Раул Гонзалес и максимално ја користат довербата од селекторот. Тој одлично се снајде во тактиката „седум на шест“ против Германија, постигнувајќи три погодоци од исто толку обиди.
„Верувајте, многу тешко е да се игра против таква одбрана, машинерија што со години функционира беспрекорно. Како се пробива бедем – само со срце на терен, ние го сторивме тоа и еве, сега имаме причина за задоволство“ – изјави Пешевски веднаш по натпреварот.
Првиот предизвик е минат, пласман во следната рунда, но петте бода во првите три кола ги менуваат и амбициите.
„Не се залетуваме, одиме натпревар по натпревар како и досега. Чувството е прекрасно, благодарност до навивачите за фантастичната поддршка и се надевам дека во ист стил ќе продолжиме и во Вараждин“ – порачува Жарко Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА