Жарко Пешевски преку изјава за официјалната веб-страница на Штутгарт и официјално се збогуваше од овој клуб, откако македонскиот репрезентативец веќе потпиша договор за од наредната сезона да го носи дресот на Е. Пелистер.
Пешевски дојде во Штутгарт во 2019 година од Мотор Запорожје, оттогаш одигра 103 средби за овој бундеслигаш, постигнувајќи 237 натпревари. До крајот на сезонава има уште два натпревари, но Штутгарт денеска ја официјализираше разделбата со Македонецот, воедно потврдувајќи го и неговиот трансфер во редовите на Е. Пелистер.
„Не беше лесно да се донесе одлуката да не се продолжи договорот со Пешевски, не само од спортски, туку и од човечки аспект, бидејќи тој е прекрасна личност. Сепак, донесовме одлука во иднина поголема шанса да добие младиот Фин Николаус, за на тој начин да му овозможиме правилен развој во кариерата“, објавија од раководството на Штутгарт.
Своја изјава за разделбата од германскиот прволигаш даде и македонскиот репрезентативец.
„Беше чест и задоволство да се носи дресот на Штутгарт во ова три сезони, да се биде дел од семејството што го претставува овој клуб. Луѓето од клубот, соиграчите и фановите секогаш ќе имаат свое место во моето срце. Му посакувам на клубот многу среќа во иднина“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА