Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер го забележа и третиот пораз сезонава во Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од Кил со 20-23.
Иако битолчани го одиграа веројатно најдобриот натпревар сезонава, посебно во фазата на одбрана немаа сила да го изненадат големиот фаворит. Пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски вели дека овој меч треба да биде поттик за остатокот од сезоната.
„Овој натпревар треба да ни биде поттик како треба да се однесуваме во иднина. Влеговме максимално мотивирано, знаевме дека екипата мора да проработи. Кил е многу поискусен и тоа беше единствената разлика на теренот. Шеесет минути бевме максимално бодрени и крајно време е да почнеме да победуваме. Макотрпно се работи на тренинзи, се анализира противникот и самите играчи меѓусебно повеќе се разбираат и во иднина ќе биде само подобро. Супер-проитивници ни се ривали во Лигата на шампионите и мора да сме 200% спремни. Ветувам дека во иднина на секој домашен натпревар ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА