ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Жарко Пешевски ги надмина проблемите со повредата што го мачеше пред стартот на овој европскиот шампионат, искусниот пивот водеше жестока битка со противничките дефанзивци, постигна еден гол, но изнуди и неколку важни пенали за нашиот национален тим.
По мечот, тој ја истакна гордоста од одличното издание на целата репрезентација против големиот фаворит, сепак не криејќи дека жали што не стигнавме до целосен пресврт и победа.
„Да, жалиме што не победивме затоа што можевме самите да решаваме за нашиот пласман во главната рунда, сега ќе треба некој друг да решава за нас. Сепак, одигравме храбро, изгинавме на терен 60 минути. Како да ни е судбина да се враќаме по големи негативи, но покажавме карактер со камбекот против еден ривал како што е Португалија. Треба да бидеме горди на себе, Македонија треба да биде горда, јас сум среќен, оваа репрезентација, овие млади момци имаат блескава иднина“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

