ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација веќе е во Дебрецин каде утре против Словенија ќе го одигра премиерниот натпревар од групата А на Европското првенство 2022 година кое се одржува во Унгарија и Словачка.
Еден од поискусните во репрезентацијата, Жарко Пешевски вели дека ова е мотивирана екипата која е желна за борба и со срце на терен сакаат да се прикажат во најдобро светло на секој меч.
„За нас секој натпревар почнувајќи од Словенија е важен. Нов меч, ново докажување. Одиме чекор по чекор. Имаме наш систем и негуваме наша игра. Ќе се држиме во планот. Јас сум еден од тие последни што се приклучија ан репрезентацијата. Оваа е мотивирана екипа која е желна за борба. Со срце на терен сакаме одлично да се покажеме на секој меч и да одиграме како што знаеме, па на крајот да постигнеме и добар резултат“, изјави Пешевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА