Ракометната репрезентација на Македонија во неповторлив меч славеше над Фарските острови со 34-26, успевајќи да ја анулира негативата од седум погодоци од првиот меч и да обезбеди пласман на СП 2025. Оние „минус седум“ делуваа превисоки, но Фараните ја научија лекцијата – никогаш да не се потценува Македонија, па нашиот национален тим одигра меч за паметење во кој стигна до толку посакуваните осум гола позитива.
Жарко Пешевски по мечот изјави дека е благодарен на сите кои верувале во нив, а откри што му кажал Столе Стоилов на последниот тајмаут.
„По лошата игра во Фарски острови немаше никаква негативна енергија и сите верувавме во чуда. Покрај вакви навивачи и седум илјади грла знаевме дека можни се чуда. Ова е победа за сите кои веруваа во нас. Столе ми кажа „Покажи ко је тата“ и затоа ја презедов одговорност“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА