Пешевски: Направивме многу грешки, но ние сме нов тим во ЛШ и верувам дека ќе бидеме подобри

На првиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола е поразен од норвешки Колстад со 22-31. Норвежаните покажаа дека разликата во класи, сепак, е голема и дека во моментов тие се поквалитетни од македонскиот првак, кој не можеше, ниту му беше дозволено да парира, и да ја загрози победата на противникот.

Пикерот на пелистерци Жарко Пешевски вели дека Колштад стигна до заслужена победа.

„Прво честитки за екипата на Колштад која одигра одличен натпревар. Беа подобар од тим од нас. Ние направивме многу грешки. Ние сме нови во ова натпреварување и ќе бидеме подобри и мора да бидеме подобри. Ни треба поддршка од сите, голема благодарност до сите кои беа во салата и мислам дека само така ќе го најдеме вистинскиот пат за понатамошниот дел од сезоната“, изјави Пешевски. 

Се вчитува...