Искусниот репрезентативец Жарко Пешевски, по натпреварот со Гвинеја истакна дека е најважно што Македонија победи, и што се пласираше во главната фаза.
Пешевски рече дека Македонија имала проблеми на почетокот на мечот, но потоа работите дошле на свое место.
„Не можам да се согласам дека беше рутинска победа, но најважно победивме. Продолжуваме понатаму во втората фаза. Отворивме малку потешко од очекуваното, малку бевме во грч, но искуството и квалитетот го скршија тој меч каде заслужено победивме и се пласиравме во следната фаза“, рече Пешевски.
За следната фаза, искусниот пикер истакна:
„Имаме пред себе сериозни противници, ќе бараме голема поддршка, и мораме да бидеме подготвени. На добар пат сме, ќе продолжиме да ја радуваме публиката“, кажа Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

