ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Жарко Пешевски ги надмина проблемите со повредата што го мачеше, искусниот пивот настапи на последниот меч со Португалија, а ќе биде наш значаен адут и на денешниот дуел со Романија, клучен натпревар за нашиот конечен пласман во групата.
Македонија на хартија важи за фаворит на натпреварот, но Пешевски не крие дека со голем респект гледа на денешниот противник, кој ќе стори се за токму против нашата селекција да ја прекине серијата порази на големите натпреварувања.
„Максимално сме мотивирани, како и на секое првенство имаме поддршка од нашите навивачи, веруваме во нас и кога нешто навистина сакаш и веруваш во тоа, ќе се исполни. Португалија и Данска се минато, сега Романија е на ред. Се подготвуваме и за нив во текот на подготовките, не беше запоставено. Имаме изгледни шанси да се натпреварувме со нив и на крајот на стигнеме до позитивен резултат. Не се согласувам со констатацијата дека Романија е аутсајдер. На времето беа велесила, сега се обидуваат да се вратат на големата сцена. Имаат квалитетни играчи, играт во Лигата на шампионите и Европската лига, имаат добар тренер и мотивирани се. Ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките. Притисокот сега е поголем, но сме докажале низ минатото дека знаеме да се носиме со притисок и дека тоа и сега нема да ни биде проблем“, изјави Жарко Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

