ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Пикерот на репрезентацијата Жарко Пешевски по мечот вели дека тој и неговите соиграчи живееја за овој меч…
„Знаевме дека ова е нашата шанса. Како секој спортист се надевавме дека ќе ни се насмее среќата. Работиме 25 дена заедно и живеевме за овој ден да ја израдуваме Македонија. Ова беше нашиот најдобар меч. Ги намаливме техничките грешки и тоа беше клуч за победа. Иако некој се сомневаше, навивачите може мирно да спијат бидејќи Македонија има иднина“, изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

