ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски вели дека среќата не беше на страна на Македонија во поразот од Чешка, надевајќи се дека на последниот меч против Австрија таа ќе биде на нивна страна.
„Навистина штета што го загубивме овој натпревар. Останува мечот со Австрија на кој треба да го оставиме срцето на теренот. Се надевам дека ќе имаме поддршка како денеска и против Украина. Денеска немавме среќа, а Австрија има сличен квалитет како Чешка, така да се надевам дека овој пат таа ќе биде на наша страна“, изјави Пешевски.
Натпреварот против Австрија е на програмата во вторник во 18:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА