Почетокот на новата бундеслигашка сезона не мина онака како што посакуваа македонските интернационалци, откако Филип Кузмановски, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски претрпеа порази во рамките од првото коло.
Филип Кузмановски со Хановер беше домаќин на Рајн-Некар Левен, губејќи пред своите гледачи со 24-28. Клучен беше динишот од првото полувреме, во кое гостите за две-три минути стигнаа до пет гола предност (11-16), што потоа знаеја како да ја задржат до самиот крај. Кузмновски го заврши натпреварот со три погодоци и две асистенции.
Штутгарт со Жарко Пешевски во своите редови беше поразен на гостувањето против Магдебург со 33-29. Македонскиот пивот одигра одличен натпревар постигнувајќи шест гола од исто толку обиди, но и тоа беше недоволно за Штутгарт да стигне до позитивен резултат на ова тешко гостување.
Филип Миркуловски и Вецлар загубија со 29-24 на гостувањето против Фуксе Берлин. Вецлар по првите 30 минути имаше водство од 13-14, но потоа во вториот дел постигна само десет гола, по што домаќините предводени од Линберг (десет гола) заслужено стигнаа до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА