Жарко Пешевски од денеска и официјално е член на Мотор Запорожје, комплетирајќи го трансферот од редовите на Металург. Одличниот пивот по неколкуте одлични сезони во дресот на „металурзите“ се реши за интернационален предизвик, а од понудите кои пристигнаа на негова адреса ја избра онаа на украинскиот шампион.
Во таборот на Мотор очекуваат Пешевски да продолжи со добрите игри кои го красеа големиот борец во претходните неколку сезони.
„Металург засекогаш ќе остане во моето срце. Сепак, сега правам чекор напред во професионалната кариера, се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, исто како лани“ – изјави Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА