Жарко Пешевски става крај на својата прва меѓународна авантура, по успешната сезона во дресот на Мотор, тим со кој се закити и со титулата во украинското првенство. Македонскиот пивот играше одлично во првиот дел од сезоната, но по тренерската смена неговата минутажа значително се намали.
Поради тоа Пешевски предвреме си го обезбеди и новиот трансфер, летово ќе се пресели во германскиот прволигаш Штутгарт, а по последниот меч во Украина нашиот репрезентативец преку социјалните мрежи се заблагодари за прекрасните моменти минати во Мотор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА