Пешевски со Мотор славеше против Загреб со Лино

Жарко Пешевски со украинскиот Мотор Запорожје ги освои првите бодови  во Лигата на шампионите по убедливата победа против ППД Загреб предводен од Лино Червар (35-27). Ова е прв триумф за украинскиот шампион по четирите порази на стартот, воедно и прв натпревар по смената на тренерот Патрик Ромбел. За хрватскиот шампион пак, ова е трет пораз во првите пет натпревари во групата Б.

Почетокот на натпреварот воопшто не го навестуваше дека ППД Загреб ќе доживеа катастрофа на гостувањето во Украина. Хрватите на средината на првиот дел водеа со три гола разлика. Но, Мотор потоа со серија од 6-0 дојде до предност која на крај ја зголеми на осум гола.

Жарко Пешевски постигна три гола, а најефикасни во триумфот на Мотор беа Пуховски со седум и Бабичев со шест гола. Кај ППД Загреб ефикасна партија имаше Јосив Павлетиќ Божиќ со 10 од 10, но ни тоа не беше доволно за хрватскиот шампион да се спаси од пораз.

Се вчитува...