ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Жарко Пешевски, без сомнение, беше еден од најдобрите македонски поединци во ремито (29-29) со Австрија на отворањето на главната фаза на Светското првенство 2025.
Одлично второ полувреме за Пешевски со своите погодоци одржувајќи ја Македонија во ритам против Австријците, за на крај заслужено реми. Иако, како што вели Жарко, може и да жалиме денеска затоа што имавме можност и бевме блиску, слично, како и со Унгарија до победа…
„Задоволен сум што успеавме да дојдеме до поволен резултат, и покрај тоа што мислам дека на овој меч можевме и до победата. Некако како да ги имавме Австријците во рака. Но, ајде да се надеваме дека на следните натпревари ќе има хепи-енд за нас, иако и денеска имавме среќен крај со постигнатиот гол во последната секунда. Игравме со една навистина силна селекција и треба да бидеме свесни за тоа. Она што е најважно е дека максимално се бориме, и мислам дека играме се подобро од натпревар на натпревар. Одредените мини-проблеми, како здравствени, така и оние играчки, ги оставаме зад нас и ги надминуваме на секој следен дуел, и верувам ќе бидеме уште подобри против Катар“ – истакна Пешевски веднаш по крајот на дуелот со Австријците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

