Жарко Пешевски експресно се наметна во редовите на Штутгарт, изборувајќи се за солидна минутажа во најсилната лига на светот. А токму можноста да игра со силни ривали беше една од главните причини поради која македонскиот пивот при заминувањето од Мотор од неколкуте понуди ја избра токму онаа на Штутгарт.
„Секој професионален ракометар сонува еден ден да заигра во Лигата на шампионите или во Бундес-лигата. Германската лига е една од најдобрите, ако не и најдобра во светот и кога добив понуда, знаев дека морам да ја прифатам. Уживам што играме во полни сали, секој нов натпревар е нов тест, но тоа само ме тера уште повеќе да напредувам“ – вели Пешевски во интервју за официјалната клупска веб-страница
Македонецот е благодарен за приемот од сите во клубот, а засега единствен проблем му претставува комуникацијата, поради непознавањето на германскиот јазик.
„Благодарен сум на сите соиграчи, како и на луѓето од клубот кои ме прифатија буквално од првиот ден и ми го олеснија периодот на адаптација. Заедно со уште неколку соиграчи одиме на часови по германски, но за мене лично е тешко бидејќи досега никогаш сум немал контакт со овој јазик. Часовите се многу важни, секој ден учиме по нешто ново и се надевам дека ќе напредувам за да можам и да си ја подобрам комуникацијата со соиграчите за време на натпреварите“ – истакна македонскиот интернационалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА