Пешиќ: Американците се една квалитетна репрезентација

Соединетите Американски држави ја прегазија Србија 105-79 во контролниот натпревар на турнирот во Абу Даби како дел од подготовките за Летните олимписки игри во Париз.

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Светислав Пешиќ по мечот изјави дека Американците се една силна репрезентација.

„Ја видовме силата и индивидуалниот квалитет на американската репрезентација. Сепак, овој натпревар го поделив на два дела. Последната четвртина ја добивме, во првата игравме во егал. Очигледно е дека се работи за фантастичен тим, но… Не можевме да ги покажеме сите наши квалитети, од познати причини“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...