Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија Светислав Пешиќ, се огласи првпат по завршувањето на Евробаскетот. Пред него, за време и после одржувањето на кошаркарскиот собир на најдобрите европски селекции, Пешиќ претрпе многу критики. Најпрво му замеруваа на изборот на кошаркари, особено со изоставувањето на Милош Теодосиќ од селекцијата. Потоа и за играта на самиот Евробаскет, а потоа и дека не се вратил со кошаркарите во Србија, туку останал во Берлин.
Пешиќ предупреди дека еден ден српската кошарка ќе исчезне, и напомена дека веќе никој не се плаши од Србија, која важи за земја на кошарката.
„Јас знам кој сум и поради што дојдов на чело на селекцијата. А, и други ме доведоа тука. Пробајте тоа да го поддржите, ако не, нема да има српска кошарка. Ќе исчезне. Српската кошарка мора да го најде својот идентитет, и не само кога е во прашање во репрезентацијата. Цел проект, пакет. Мора да се прилагоди на времето, не може повеќе да живее од минатото во југословенската кошарка. Да се смемни системот, да почнеме и со тој систем да работиме. Пешиќ дали ќе биде селектор и ли не, тоа е целосно неважно. Треба Пешиќ да се искористи додека е мотивиран. Многу лесно можам да одам на друго место. Србија нема репрезентација. Сите играчи кои играа на ЕП, сега нема да играат. Сите ми велат Белгија била подобра од нас. Можевме да ја победиме, но беа подобри. Па и Турција загуби од Летонија 28 разлика, а играше со три НБА играчи. Така што треба да се смирите малку, никој веќе не ги симнува гаќите кога ќе не види“, рече „остро“ Пешиќ.
Околку заминувањето од клупата на Србија, тој коментираше:
„Дали и требам на кошарката во Србија? Не знам… Никој од сојузот не ми рече дека не требам. Барем за сега. За месец дена ни следуваат натпревари во квалификациите за Светско првенство. Но, она што го знам после Евробаскетот никој ми се нема јавено. Никој!“, кажа српскиот селектор.
Србија беше еден од главните фаворити за пласман во финалето, но загуби од Италија во 1/8 финалето и беше елиминирана од Евробаскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

