Пешиќ: Доаѓам на појадок, а таму го нема Јокиќ…

Доскорешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, искусниот стручњак Светислав Пешиќ, откри какви проблеми имал со тимот за време на Евробаскетот во Рига.

Србија отиде во главниот град на Летонија како прв фаворит за златото, а беше елиминирана на почетокот од нокаут фазата. Изненадувањето го направи Финска, која ја елиминираше Србија во осминафиналето.

Тој за српските медиуми откри со какви се проблеми се соочувал за време на шампионатот.

„Доаѓам на појадок, кога Јокиќ го нема. Ни Никола Јовиќ го нема. Каде се тие? Професор доктор Гага Радовановиќ ме информира дека се болни. Па, тоа беа нашите проблеми со кои се справувавме. Изгледа дека беше некаков вирус. Претходниот ден во хотелот, лифтот ми се отвори, а во него беше и летонскиот тренер Банки. Ми вели – некој вирус нè фати. Еден ден подоцна, двајца наши играчи не можат да станат од кревет. Неколку членови на медицинскиот тим и раководството исто така. Болните играчи не одеа на тренинг, добиваа инфузија три пати на ден, а храната им беше носена во собата. А пред натпреварот велат дека им се спуштила температурата. Никола Јовиќ вели: „Добро сум, играм. Јокиќ, дури и да боли, никогаш нема да каже дека боли. Таков човек е, може да издржи сè“, рече Пешиќ.

Се вчитува...