Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ на денешната пресконференција на српската федерација на која беше претставен нов систем на натпреварување кај нашиот северен сосед имаше интересна изјава поврзана за регионалното натпреварување АБА2 лигата кое е главното место за натпреварување на македонските клубови на интернационалната сцена.
Пешиќ предупреди дека српската кошарка ќе се мачи по Олимписките игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес со оглед на смената на генерации доколку српските кошаркари не започнат да се развиваат во силно домашно првенство и српските клубови не се откажат од настап во првенства како АБА2 која според искусниот стратег служи за развој на клубови од Македонија, БиХ, Црна Гора…
„За следниот олимписки циклус со мали промени може да бидеме оптимисти, но што по Лос Анџелес 2028? Кошарката во Србија стои на четири столбови, селекција, правила, млади… Нашата лига со години е доведена под знак прашалник по целта и по значењето. Неопходно е ведаш да се донесе одлука за промена на системот на натпреварување. Во кошаркарската Србија постојат три интереси. КСС, КЛС и група на клубови кои се натпреваруваат во АБА2 која служи за напредување на другите клубови од регионот и деградирање на српската лига. АБА е застарена и не води во светла иднина. Земја на кошарката која нема национална лига“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

