Пешиќ: Финска стана сериозна репрезентација, имаат победнички карактер

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, има високо мислење за следниот противник, репрезентацијата на Финска.

Тој истакна дека во последно време Финците многу напредувале и станале сериозна репрезентација.

„ЕП за Финска е сериозен предивик, тие постојано имаат голема поддршка од своите навивачи, што говори за тоа дека се кошаркарска земја. Без оглед на поразот од Израел, покажаа победенички и колективен карактер во следниот дуел. Србија има нов предизвик пред себе, кој апсолутно не смее да се потцени“, потенцираше Пешиќ.

Инаку, дуелот меѓу Србија и Финска е закажан за денес на програмта со почеток од 21 часот.

Се вчитува...