Пешиќ: Германија заслужено стигна до трофејот

Кошаркарската репрезентација на Германија е нов светски шампион откако во финалето на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија славеше над Србија со 83-77.

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ по мечот изјави дека е горд на овие момци, но дека Германија заслужено стигна до титулата.

„Им честитам на Германцие за победата. Го заслужија овој триумф играа 40 минути на високо ниво и многу цврсто. Горд сум на овие момци кои одиграа неверојатно на овој шампинат. До крајот на мечот бевме во игра, а кошарката е таква игра во која на крајот одлучуваат нијанси“, изјави Пешиќ. 

Се вчитува...