Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ ги одбра играчите кои ќе настапат на претстојното Европско првенство.
За Прага, каде Србите ја играат првата фаза, нема да патува Немања Бјелица. Кошаркарот на Голден Стејт, кој пред два месеца ја освои титулата во НБА, не успеал да се врати во тренажен процес по повредата на листот на десната нога.
Својот прв натпревар, Србија го игра на 2 септември од 21 часот против Холандија, а во групата се уште Чешка, Финска, Израел и Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА