Белорускиот шампион Мешков Брест го продолжи договорот со хрватскиот голман Иван Пешиќ. На 28-годишниот хрватски репрезентативец актуелниот договор му истекуваше во 2019 година, а сега потпиша нов тригодишен договор со Мешков Брест со важност до крајот на сезоната во 2022 година.
Пешиќ беше еден од голманите што се споменуваа како потенцијални засилувања во Вардар за наредната сезона, на местото на Арпад Штербик кој заминува во Веспрем. Но, сега дефинитно отпаѓаа таа опција, како што претходно отпаднаа и шпекулациите за Словенецот Урбан Лесјак кој потпиша договор со Хановер.
Хрватскиот голман потврди дека ималч понуда од Вардар, но нан крај сепак одбрал да остане во Мешков Брест.
„ Мешков Брест е серозен и амбициозен проект кој, сигурен сум, има голема иднина. Во Брест се чувствувам одлично. Имав понуди и од други врвни клубови од Европа, меѓу кои од Вардар и од ПИК Сегед, но јас го избрав Мешков Брест. Амбициите се со Мешков да ја освојам Лигата на шампионите. Тоа е мојот сон. Му благодарам на клубот за довербата и за продолжувањето на соработката“ – изјави Иван Пешиќ во официјалното соопштение од белорускиот клуб за потпишувањето на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА