Искусниот српски стратег Светислав Пешиќ изминатите години откако го превзема селекторското место во кошаркарска репрезентација на нашиот северн сосед трпеше големи критики, но и на 74-годишна возраст ја докажа својата класа освојувајќи го среброто на последното Светско првенство и бронзата на ЛОИ во Париз.
По прославата во Белград и враќањето во родниот Пирот искусниот стратег говореше за медиумите откривајќи го рецептот за успех.
„На мои години никој не очекува многу од мене, но како што гледате изненадуваме. Јас ги изненадувам луѓето веќе 40 години. Најважно нешто во спортот и животот е комуникацијата и почитта кон другите. Не е важно дали сте најдобра атлета на светот или не, за мене сите се луѓе.
Затоа им велам на играчите „Еден за сите, сите за еден“. Без единство нема успех ниту во животот ниту во спортот. Сите губиме и победувме заедно, така се гради фантастична атмосфера. Тоа не се случува преку ноќ, тоа е цел прогрес за успех.
И не е се за успехот кој ќе го направиме, но во животот, клучно е да се поврзите со луѓето и да ги гледате повеќе од само експерти или атлети. Клучот е во тоа да ги препознаете луѓето како индивидуи. И луѓето треба да ја чувствуваат таа блискост и таа меѓусебна почит. Ние го имавме тоа и најверојатно порадо тоа ја создадовме оваа фантастична спортска приказна“, вели Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

