Пешиќ: Горд сум на моите играчи, мора да се смириме за финалето

Србија е првиот финалист на Светското првенство во кошарка. Србите успеаја да влезат во финалето победувајќи ја селекцијата на Канада, во меч во кој важеа за мали аутсајдери.

Селекторот Светислав Пешиќ рече дека е горд на неговите играчи и на сите во репрезентацијата за овој успех.

„Многу сум горд на своите играчи, на тимот, на стручниот штаб и медицинскиот персонал. Направија одлична работа. Најважни беа поените од транзиција. Второ, одигравме многу добра одбрана еден на еден против Шеј, еден од најдобрите играчи кои сум ги гледал во мојата кариера. Не бевме совршени, но дефанзивно успеавме да завршиме како што треба. Среќен сум поради оваа победа, но мора да се смириме, знам дека играчите ќе бидат спремни за борба во финалето“, изјави Пешиќ.

Финалето на СП е во недела, 14:40 часот.

Се вчитува...