Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ изјави дека неговите избраници со голема самодоверба ќе влезат во полуфиналето на Олимписките игри во Париз во натпреварот против Соединетите Американски Држави.
Српските кошаркари во четврток од 21 часот го играат полуфиналето на Олимписките игри против селекцијата на САД.
„Ние сме меѓу четирите најдобри екипи, што е голем успех, но ќе продолжиме понатаму. Веќе кажавме дека дојдовме овде да дадеме се од себе за да стигнеме до олимписки медал. Утре е првата шанса и не сакаме да изгубиме само така. Никому не се закануваме. Играме против исклучителен тим, најдобар во историјата. Во меѓувреме тие пораснаа како тим, ние тоа го почитуваме, но и нас не почитуваат, не се плашиме. Сакаме да одиграме добар натпревар“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА