Пешиќ: Јокиќ не е физички и ментално подготвен да ја превземе одговорноста

Србија нема да може да смета на услугите на Никола Јокиќ на престојното Светско првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија поради физичка и ментална неподготвеност, открива селекторот Светислав Пешиќ.

МВП-то на финалната серија во НБА лигата имаше извонредна сезона и очекувањата беа големи во пресрет собирот на најдобрите светски репрезентации, но искусниот стратег ќе мора да се бори за што подобра позиција без него. Покрај Јокиќ, Пешиќ нема да може да смета на други искусни кошаркари како Лучиќ, Калиниќ, Митровиќ, Мициќ…

„Лучиќ е на операција, Калиниќ не извести дека не е можност да го профати повикот поради ментални и физички работи и неподготвеност. Миторвиќ не замоли ова лето да го ослободиме бидејќи сака да ги санира повредите и подобро да се подготви за сезоната. Ако ни биде неопходен ќе дојде. Мициќ… долго разговаравме со него, не замоли оваа година да го прескокне собирот, имаше тешка сезона и многу повреди кои го исфрлија од ритам. Потпиша нов договор и мора да остaнe три недели таму на тренинзи со новиот клуб притоа ја обновил повредата на рамото и прима терапии. Во однос на Јокиќ се слушнавме неколку пати, тој не е физички и ментално подготвен да ја превземе одговорноста онака како што од него се очекува“, вели селекторот на Србија.

Се вчитува...