Српската кошаркарска репрезентација на доминантен начин го потврди учеството на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во 2025 година. „Орлите“ во ноемврискиот прозорец славеа два пати над Данска со што воедно го задржаа перфектниот учинок.
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ имаше интересен говор на преконференцијта за медиуми на која изјави дека за неговиот тим сака да се борат војници, а не уметници алудирајќи дека кошаркарите треба да го остават последниот атом на теренот.
„Многу сум горд на пристапот против противник кој не е на наше ниво. Доминиравме во првото полувреме, а потоа продолживме да играме фантастично до крајот на натпреварот. Вам ви се допаѓаат уметници, а мене војници“, изјави Пешиќ кој потоа објасни:
„Им реков на играчите дека во репрезентацијата само јас добивам пари бидејќи сум вработен. Што е до нив, тие треба да се борат за место во тимот, за учество на големите натпреварувања, за освојување на медали, за својата репутација. Тоа е и порака за сите млади играчи. Морате да бидете војници. Уметниците не стануваат војници, ама војниците стануваат уметници“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА