Досегашниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ за српските медиуми зборуваше за можноста во иднина да ја води репрезентацијата.
Познатиот стручњак некако стави до знаење дека повеќе не сака да ја извршува таа функција и дека за тоа разговарал со Небојша Човиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Србија.
„Имам други планови во животот, сакам да работам нешто друго. Немам 57 туку 75 години. Апсолутно не чувствувам обврска кон никого. Веќе му кажав на новиот претседател, нов тим, нови потпретседатели, се ново, почеток на нов олимписки циклус, нов тренер, ново се. Не бегам од тоа, им помагам на Човиќ и на новиот селектор колку што им треба помош од мене. Немам ништо ново да соопштам“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА