Пешиќ: Можеме да играме и со двајца во напад, но сите мораат да играат одбрана

Српската кошаркарска репрезентација им се врати на победите во подготовките за престојните Летни олимписки игри во Париз. По поразите од Австралија и САД, Србите одиграа доминантен натпревар против Јапонија кој го добија со 119-100.

По средбата за медиумите говореше и српскиот селектор Светислав Пешиќ кој не криеше од кој сегмент од играта не е задоволен.

„Напад можеш да играш и со два играчи, но во одбрана можеш да видиш кој само стои и прави прекршоци“, вели Пешиќ кој потоа продолжи:

„Ни треба континуитет. Сакам да им помогнам на сите играч ида се вратат во оптимална физичка подготвеност. Имаме малку време и мораме многу да подобриме пред натпреварот со САД“

Србите одиграа одлично во нападот, но беа далеку од посакуваното ниво во одбраната примајќи 100 поени од Јапонија при 20 погодени тројки од противникот.

„Овој натпревар ни докажа што може да ни се случи доколку се влечеме во одбрана и му дозволиме на противникот да има отворени обиди“, истакна селекторот на Србија.

Се вчитува...