Пешиќ: На добар пат сме да го допреме дното како Хрватска

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, смета дека неговата земја е на добар пат да го доживее колапсот што го доживеа хрватската кошарка. Пешиќ во интервју за хрватски „Индекс“ зборуваше за бројни теми поврзани со неговиот живот и кошарката.

Искусниот стратег смета дека Србија може да ја доживее судбината на Хрватска која во последно време е на днота на европската клупска кошарка, а нема резултат ниту на репрезентативен план.

„Често знам да го кажам она што многу луѓе не сакаат да го слушнат. Честопати ги предупредував луѓето во Србија дека сме на вистинскиот пат да стигнеме до Хрватска во кошарка. А тоа значи дека ние сме на добар пат да го допреме дното, исто како и вие. Доколку нешто не се промени во мислите на луѓето кои ја водат српската кошарка и кои се одговорни, ќе бидеме среќни ако се пласираме на Европското и Светските првенства можеме да ги заборавиме Олимписките игри. Луѓето не сакаат да го слушаат тоа. Затоа никогаш не бев целосно интегриран во српската кошарка“, изјави Пешиќ. 

Се вчитува...