Пешиќ: Не зависи се од Василије Мициќ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ повторно говореше околу повредата на Василије Мициќ.

Првиот плејмејкер на српската репрезентација, имаше проблеми со повреда, поради што ги пропушти сите подготвителни натпревари пред Европското првенство.

„Ќе видиме. Тој е на тренинг, тренираше добро и немаше последици со повредата што го мачи долго време. За нас, секој ден е важен во однос на тоа како се чувствува. Можеби ќе игра малку утре, но мора да бидеме внимателни. Покажа добар став и голема желба да се врати, но понекогаш не зависи сè од него“, рече Пешиќ.

Се вчитува...