Српската спортска јавност е едногласна во мислењето дека селекторот Светислав Пешиќ е главен виновник за катастрофалната елиминација од Финска на Евробаскет 2025.
Искусниот стратег пред една година беше опишуван како „генијалец“ по бронзата на ОИ во Париз и неверојатниот меч против американскиот дрим-тим, но за една година буквално се се промени. Повеќе од извесно е дека Пешиќ нема да остане ан функцијата, но тој јасно стави до знаење дека поднесување оставка не е опција за него во моментов.
„Јас не давам оставка никогаш. Досега во кариерата тоа не се случило, нема ниту сега. А зошто да дам оставка, дојдов овде за одработам задача и го сторив тоа. Дојдов затоа што никој друг не сакаше… Дури и по ОИ во Париз, никој не сакаше да дојде да биде селектор, па јас прифатив бидејќи чувствував одговорност кон кошаркарите. Договоот ми е до крајот на месец септември, ќе седнеме, ќе разговараме, јас сум тука секогаш да помогнам, на било кој начин што ќе се побара од мене. Ова не е фудбал, ова е кошарка, тука не се даваат оставки“, лут прокоментира Светислав Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

