Пешиќ останува на клупата на Барселона до 2021 година

Искусниот српски стратег Светислав Пешиќ го продолжи договорот со Барселона до 2021 година. Иако се шпекулираа многу имиња како наследници на Пешиќ на клупата на гигантот од Каталонија, сепак од раководството на Барселона се одлучија да го продолжат договорот со искусниот стратег.

Пешиќ ја водеше Барселона на 240 натпревари, на кои забележа 172 победи. Тој со „каталонците“ ја освои Евролигата во 2003 година, а на двапати беше шампион на Шпанија, три пати го освои купот, а освои и еден трофеј во каталонскиот куп.

Барселона го донесе и првото засилување за новата сезона, Никола Миротиќ кој ќе биде најскапоплатен кошаркар во Европа.

 

Се вчитува...