Пешиќ пак се јави: Не сакам да биде оправдување, но имавме коронавирус пред Финска

Светислав Пешиќ е најпопуларна личност во српската спортска јавност во изминатите 24 часа, сосема неочекувано ако се знае дека фановите токму во него гледаат главен виновник за шокантниот пораз од Финска.

Пешиќ веднаш по натпреварот прокоментира дека тој пораз не е ништо страшно и не треба да се гледа на него како на трагедија, попладнево изјави дека нема апсолутно никаква намера да си поднесе оставка, за вечерва да обелодени дека во српскиот табор имало коронавирус за време на овој европски шампионат.

„Го споменав тоа и претходно, дека имаме вирус, он не сакав да биде оправдување. Треба сите да знаат дека играчите со денови се бореа со повреди што се обновуваа, но настојуваа да играат што повеќе. Згора на тоа, во репрезентацијата ни се вовлече и коронавирус. Ние исто така имавме корона пред Финска, мислам дека сите веќе се излечивме. Кога веќе не победивме на терен, барем да се спасиме од коронавирусот“, прокоментира Пешиќ.

Се вчитува...