Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ ги изрази своите впечатоци по поразот од САД во првото коло од групата Ц на Олимписките игри.
„Сигурно очекувавме ваков натпревар и не доживеавме ништо ново. Голема е разликата кога играат против нас, очигледно имаат дополнителна мотивација. Не зборувавме многу за одбраната, таму почнува се и тоа е основата. Не само во подготвителниот дел, ние се концентриравме на нападот“, рече Пешиќ и додаде:„Рековме дека евентуална победа или пораз од САД не ја менува ситуацијата, мора да одиграме уште два натпревари за четвртфинале. Нема слаб противник, знам како треба сега да реагираме и да се подготвиме за следниот натпревар. Нема време за посебни анализи“, изјави српскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА