Пешиќ потврди дека не е селектор: „Одлуката за заминување ја донесов уште пред ОИ“

Светислав Пешиќ или популарно наречен Кари, потврди дека повеќе нема да ја извршува селекторската функција на Србија.

Искусниот страгет во интервју за „Политика“ ја потврди својата одлука за која вели дека ја донел уште пред да замине во Париз, каде што го освоил единствениот медал што му недостасувал – олимпискиот медал.

„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав, тоа го направи за да му овозможи на новото раководство на федерацијата да формира нов стручен штаб и цели на почетокот на новиот олимписки циклус. Што се однесува до мене лично, уште пред Париз најавив дека некој друг треба да го продолжи тоа што јас го започнав. Бидејќи гледам дека некои не ме слушнаа добро, сега им велам дека одговорните – оние што ќе ја водат КСС во иднина – треба да знаат дека, меѓу другото, јас секогаш ќе бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се свртам кон некои други цели и проекти за кои немав време бидејќи бев на услуга на српската репрезентација 24 часа“, рече Пешиќ.

Се вчитува...