Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ го прокоментира последниот противник на Летните олимписки игри во Париз, селекцијата на Германија.
По поразот од САД во полуфиналето Србите сега ги очекува борба за бронзениот медал и тоа против ривалот од кој загубија во финалето на Светското првенство.
„Знаеме против кој играме и имаме за нив голема почит. Тоа е извонреден тим, борбен кој игра тимска организирана кошарка. Покажаа во текот на целата година дека се горда екипа со извонредни поединци. На нас е да најдеме решенија во нападот и одбраната. Немавме многу време за детали, но добро ги познаваме. Мораме да го смисиме нашиот начин на игра и тоа е нешто што не окупира и мене и стручниот штаб, да им помогнеме на нашите играчи утре да одиграат ист натпревар како до сега“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

