Пешиќ промовиран: Се уште имам мотивација да остварам нови успеси

Кошаркарскиот клуб Барселона го претстави новиот тренер, Светислав Пешиќ, кој ќе има задача да го поправи севкупниот учунок на клубот до крајот на сезоната. Пешиќ се враќа во Каталонија по речиси 14 години, Барса под негово водство ја освои првата европска круна.

„Јас сум тренер, но истовремено сум и учител, а најдоброто нешто во оваа професија е што се уште можам да научам нешто ново. Мило ми е што повторно ќе можам да го пренесам моето знаење во овие простории, се уште имам мотивација да си ги остварам моите соништа, и да забележам нови успеси“, изјави Пешиќ.

Српскиот стратег беше на клупата на Барселона во периодот од 2002 до 2004 година, а покрај првиот европски трофеј, Пешиќ им донесе и две титули во шпанското првенство.

 

 

Се вчитува...