Во интервју за шпанската радио емисија „Tirando a Fallar“, поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, рече дека сè уште не е подготвен да се пензионира и покрај своите години.
„Што можете да кажете на 76 години освен дека сте стари? Енергијата доаѓа од кошарката. Верувам дека сè уште не сум завршил. Не знам што ќе се случи утре, но секој ден чувствувам дека треба да размислувам за кошарката“, рече Пешиќ.
Тој ја предводеше Србија на последниот Евробаскет, а „орлите“ беа запрени во осминафиналето.
„Веројатно е неуспех за вас и за српските навивачи. За мене, разочарување. Беше многу тажно, не само поради поразот од Финска, туку и затоа што немавме доволно време. Не мислам дека беше неуспех“, рече Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

